Регионалната ВТБ лига ја продолжува практиката од лани, во Суперкупот да кани екипи кои не учествуваат во ова натпреварување.
Лани гости беа Партизан и Мега, а сезонава тоа ќе бидат турските клубови Бешикташ и Фенербахче. Суперкупот ќе се одржи во Москва од 21 до 24 септември, трофејот го брани Зенит, а ќе учествуваат уште Уникс, Локомотив Кубан, ЦСКА, Нижни Новгород и МБА.
Според проектираната ждрепка, можно е ЦСКА на чело со Емил Рајковиќ, во полуфиналето да се сретне со Фенербахче на чија клупа е претходниот на македонскиот стручњак Димитрис Итудис. ЦСКА во четвртфиналето ќе се сретне со Локомотив Кубан, додека Уникс на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ќе се сретне со Нижни Новгород.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
21.09.2023
МБА – Фенербахче
Локомотив Кубан – ЦСКА
22.09.2023
Уникс – Нижни Новгород
Зенит – Бешикташ