Утре официјално почнува новата клупска сезона во Македонија, со натпреварите од Суперкупот во машка и женска конкуренција.
Кај мажите, за првиот трофеј ќе се борат МЗТ Скопје и Феникс, а кај жените, исто така МЗТ Скопје против Баскет Кам. Организаторот на натпреварите, Кошаркарската федерација на Македонија одлучи влезот за овие два натпревара да биде слободен што може да биде еден од условите за кошаркарски празник.
Дуелот во женска конкуренција меѓу МЗТ Скопје и Баскет Кам е на програмата во 17 часот, а мажите ќе се сретнат од 19:30 часот. Двата натпревара се играат во СРЦ Кале.