Без капитенот и тренерот, МЗТ се изгуби во Гостивар

0Shares
0 0

Екипата на Гостивар оствари исклучително значајна победа во борбата за што подобар пласман пред почетокот на плеј-офот.

По шесте порази во претходните осум натпревари, гостиварци убедлива го совладаа МЗТ Скопје со 65-51, покажувајќи дека претходните резултати не биле реален одраз на квалитетот.

Десеткувани, без капитенот Дамјан Стојановски и тренерот Дарко Радуловиќ (екипата ја водеше помошникот Васко Атанасов), гостинските кошаркари издржаа самоедна четвртина во која го имаа и највисокото водство, од пет разлика (8-3). Гостивар одговори со 14-2 за водство од 17-10 и оттогаш се беше на страната на домашниот тим.

Победникот беше одлучен во следните две четвртини во кои Гостивар го задржа МЗТ Скопје на само 15 постигнати поени. По 30 минути игра, домашната екипа имаше недостижно водство од 54-32, па последниот период остана само формалност и можност аеродромци барем да ја минат границата од 50 поени и катастрофа.

Вокер беше најефикасен во тимот на Гостивар со 17 поени, Димчевски 11, а Јанески десет. Бојан Крстевски го предводеше МЗТ со 13 поени.

0Shares
0 0