Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Драган Бајиќ го скрати списокот на кошаркари кои ќе учествуваат на подготовките за квалификациските дуели против Шпанија и Украина.
Во конкуренција сега се 14 кошаркари, меѓу кои двајца (Теодор Симиќ и Рубин Стефанов) од младинските селекции. Од стандардние репрезентативци, во последен момент, повикот на Бајиќ го откажаа Џејкоб Вајли, Ненад Димитријевиќ и Бобан Стајиќ поради повреди и им се приклучија на Дамјан Стојановски и Андреј Магдевски кои претходно ја известија Федерацијата дека нема да настапат во овој циклус. Дополнително, покана добија кошаркарите на ТФТ, Страхил Николов и Виктор Ташовски кои првпат ќе бидат во конкуренција за настап во сениорската репрезентација на Македонија.
Првпат по подолго време нашата селекција ќе биде натурализиран кошаркар бидејќи нема доволно време да се ангажира замена за Вајли.
Првиот собир на националниот тим е предвиден за 25 јуни, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, каде селекцијата ќе се подготвува до заминувањето за Сарагоса, како и по враќањето за Шпанија. Со светскиот шампион играме на 1 јули, а Украина ја пречекуваме три дена подоцна.
СПИСОК НА РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ:
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром
Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Пелистер
Андреј Маслинко – ТФТ
Страхил Николов – ТФТ
Виктор Ташовски – ТФТ
Виктор Ефремовски – Гостивар
Валмир Какруки – Работнички
Теодор Симиќ – Барселона-Шпанија
Андреј Јакимовски – Вашингтон Стејт (НЦАА-САД)
Рубин Стефанов – Италија
СЕЛЕКТОР: Драган Бајиќ