Благоја Георгиевски Буштур доби улица во Општина Кисела Вода

0Shares
0 0

Советот на Град Скопје донесе одлука за преименување на 485 улици на територијата на престолнината.

Меѓу нив е и улицата која ќе го носи името на македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски Буштур. По поранешниот југословенски репрезентативец е именувана улица во Општината Кисела Вода која досега се викаше 1523.

Георгиевски загина на 30 јануари 2020 година, во сообраќајна несреќа. Целата играчка кариера ја помина во Работнички, играше за националниот тим на СФРЈ, а подоцна, меѓу другото, беше селектор на македонската репрезентација.

0Shares
0 0