Играчот на Олимпија, Јака Блажиќ е поранешен член на Црвена Звезда и очигледно тоа особено го мотивира кога игра против Партизан.
Синоќа тој беше најефикасен поединец на дуелот од АБА лигата со 29 поени, нјо вчерашниот меч не беше исклучок од неговите фантастични дуели со белградскиот клуб. Заклучно со тој натпревар, Блажиќ има вкупно 125 поени на последните пет настапи против Партизан или во просек по 25.
Најефикасен беше во сезоната 2019/20 кога на двата меча му даде 52 поена на Партизан (24 и 28), а оваа натпреварувачка кампања би можел да биде и поефикасен ако на реваншот во Белград даде барем 24 поени.