Блескаво издание на „црно-белите“: Партизан го растури Локомотив

0Shares
0 0

За две недели, Партизан официјално се враќа во Евролигата, а најавата за првиот настап во европската елита по пауза од осум години е повеќе од извонредна.

Белградскиот тим учествува како гостин на ВТБ Суперкупот, а во првото коло буквално го растури Локомотив Кубан со 92-70. На располагање на Жељко Обрадовиќ му беа играчите кои настапија на Европското првенство, а особено се истакна Јанис Папапетру кој настапи на Европското првенство и токму тој има голема заслуга за победата.

Гркот постигна 13 поени, без промашување од игра, но најефикасен во тимот на Партизан беше Тристан Вукчевиќ кој реализира 17 поени. Во групата на Партизан е и Зенит со кого „црно-белите“ играат в сабота и многу веројатно тој дуел ќе одлучува за учесникот во финалето.

0Shares
0 0