Блесна на Европското првенство и потпиша за Лејкерс

0Shares
0 0

Германскиот репрезентативец Денис Шредер потпиша едногодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс, соопшти вечерва неговиот агент.

За него, тоа е враќање во тимот каде настапуваше во сезоната 2020/21, но немаше поголем успех бидејќи Лејкерс испаднаа во првата рунда од плејофот од Феникс. Лани раководството на франшизата му понуди продолжување на соработката, но Шредер одби затоа што во меѓувреме беше донесен Расел Вестбрук и беше јасно дека тој ќе биде во втор план.

Замина за Бостон каде остана само три месеци за во февруари годинава да биде трејдуван во Хјустон каде доживеа повреда на рамото и предвреме ја заврши сезоната,

Во Лејкерс, Шредер ќе добие минимален договор и неговата плата претстојната сезона ќе изнесува 2,64 милиони долари. Повторно ќе игра со Вестбрук, освен ако до почетокот на сезоната искусниот плејмејкер не си замине од екипата од Лос Анџелес. На Европското првенство, Шредер е предводник на германската репрезентација и просечно постигнува по 21,6 поени и 7,3 скока.

0Shares
0 0