Блесна Робев, МЗТ го победи фаворитот

0Shares
0 0

Дамјан Робев го одигра можеби најдобриот натпревар во својата професионална кариера и тоа во својот прв настап во АБА 2 лигата.

Поранешниот младински репрезентативец постигна 30 поени, а МЗТ Скопје го победи фаворизираниот Младост со 97-90 на стартот од регионалното натпреварување, односно од „балонот“ што се одржува во Златибор. За разлика од минатата сезона кога српскиот претставник доминираше во дуелите со нашиот шампион, сега ситуацијата беше сосема спротивна. МЗТ Скопје водеше во најголемиот дел од мечот и заслужено стигна до победата.

Уште откако поведе со 7-0 во првите две минути, беше јасно дека аеродромци се решени да му се одмаздат на ривалот за елиминацијата во четвртфиналето од минатата сезона. Водството го задржаа до крајот на полувремето со тоа што на средина од вториот квартал имаа 40-32. Единствениот период кога Младост ја имаше иницијативата, па дури и го презеде водството, беше стартот на второто полувреме во кое со серија од 6-1, Србите со 54-53, но сето тоа кратко траеше.

Во последните десет минути МЗТ Скопје ја одржуваше предноста од седум разлика и тоа беше доволно за да ја запише првата победа во новата сезона.

Покрај Робев кој оствари индекс 32, се истакна и црногорскиот интернационалец Немања Милошевиќ кој постигна 20 поени и 9 скока. Својот втор натпревар на овој турнир, МЗТ го игра в четврток кога се среќава со словенечкиот претставник Рогашка.

0Shares
0 0