Бојан Трајковски си оди од Пелистер!

0Shares
0 0

По 18 месеци поминати во битолскиот прволигаш, репрезентативец Бојан Трајковски затвора една етапа од својата кариера.

На вчерашниот тренинг, тој се збогувал со соиграчите и официјално го напуштил тимот на Пелистер, па во вториот дел од сезоната најверојатно ќе го гледаме во дресот на друга екипа. Засега има некои најави за договор, но се уште ништо не е официјално.

Со заминувањето на Трајковски, а претходно и со повредата на Стојан Ѓуроски, Пелистер останува со само седуммина кошаркари во ротацијата што веројатно значи дека до почетокот на вториот дел од сезоната, тимот ќе биде засилен со некој кошаркар. До репрезентативната пауза, екипата ја очекуваат четири кола во првенството, еден турнир со три натпревари во АБА 2 лигата и завршницата од Купот на Македонија.

Трајковски сезонава одигра десет натпревари во домашното првенство и просечно постигнуваше по 8,4 поени, 5,8 скока и две асистенции.

0Shares
0 0