Бостон го суспендира љубовџијата, а на негово место постави обвинет за семејно насилство

0Shares
0 0

Име Удока претстојната сезона нема да седи на клупата на Бостон Селтикс затоа што имал љубовна афера со својата асистентка.

На негово место е поставен Џо Мазула, но ни неговото „досие“ од приватниот живот не е сосема чисто. Како малолетник, тој бил приведен поради уринирање на јавно место и управување автомобил во алкохолизирана состојба, а уште потешко е обвинението за домашно насилство. Го пријавила неговата девојка со која живеел, а која тврдела дека ја фатил за врат и ѝ се заканувал дека ќе ја истепа.

Сепак, кога станува збор за кошарката, Мазула ужива респект во НБА лигата. Летово беше еден од кандидатите за тренерската позиција во Јута која подоцна му беше доделена на Вил Харди, а со 34 години, претстојната сезона ќе биде еден од најмладите тренери во лигата.

0Shares
0 0