Британија ја победи Грција по пауза од 37 години

0Shares
0 0

Европскиот шампион од 2005 година со пораз ги почна квалификациите за Светското првенство откако загуби во Њукасл со 69-78.

За Велика Британија ова беше прва победа над Грција по пауза од 37 години, односно по триумфот на олимписките квалификации во 1984 година кога славеше со 106-104. Оттогаш овие две селекции одиграа 11 натпревари, пријателски и официјални, и сите ѝ припаднаа на Грција.

Интересно е тоа што репрезентацијата на нашиот јужен сосед доживеа целосен колапс во второто полувреме откако на неговиот почеток водеше со 15 поени разлика (48-33). На крајот од третиот квартал беше 56-57, а целата последна четвртина помина со предност на Велика Британија која по серија од 12-0 поведе со 73-60.

Најдобар играч на Британците беше Теди Окерафор кој постигна 19 поени, а Тарик Филип додаде 16. Со 19 поени заврши и Аграванис во грчката репрезентација.

0Shares
0 0