Будуќност го суспендира Вајли!

0Shares
0 0

Македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли доби суспензија од својот клуб, веднаш по настапите за нашиот национален тим во квалификациите за Светското првенство.

Според информациите од Црна Гора, Американецот со македонски пасош самоиницијативно а напуштил Подгорица и не се појавил на тренинг на својата екипа.

„Агентот на играчот го извести клубот дека причина за напуштањето е решавање личен/семеен проблем. Клубот го суспендира играчот и јавноста ќе биде благовремено известена за натамошните чекори“, се вели во соопштението од Кошаркарскиот клуб Будуќност.

Викендов црногорскиот шампион игра против Студентски центар во АБА лигата, а в среда гостува кај Промитеас во рамките на Еврокупот.

Вајли повторно има проблеми по собир со македонската репрезентација иако овој не е директно поврзан со нашиот национален тим. Во ноември минатата година, при патувањето во Талин на квалификацискиот „балон“ за пласман на Европското првенство, тој се разболе со корона поради што мораше да паузира еден месец, па беше ставен во мирување договорот со Гран Канарија и потоа замина на позајмица во Сарагоса.

0Shares
0 0