Будуќност победник на турнирот „Драган Василов Цевка“

0Shares
0 0

Од 15 до 18 август во Скопје се одржа второто издание на меѓународниот турнир „Драган Василов Цевка“ за кошаркари до 15-годишна возраст.

Освојувач на пехарот е црногорскиот претставник Будуќност кој во финалето ја совлада Игокеа со 78-67. Овој тим го даде и најкорисниот играч на турнирот Балша Мугоша.

Третото место ѝ припадна на Цедевита која ја победи Црвена Звезда со идентичен резултат, 78-67. Од македонските претставници, Вардар заврши како петтопласираниот по победата против Тријумф од Србија со 99-42, а МЗТ Скопје е последен, осми, по поразот од Балкан од Бугарија со 48-65.

0Shares
0 0