Младинска репрезентација на Македонија има два дена одмор пред утрешниот најважен меч на Европското првенство Б-дивизија што се одржува во Скопје.
Следен противник ни е Бугарија и тоа ќе биде директен дуел за пласман во четвртфиналето на шампионатот, но противникот е во нешто подобра позиција во моментов. Причина за тоа е победата против Чешка со 104-102 по продолжение, во второто коло по што, во случај на победа на Македонија на утрешниот меч, ќе се направи круг од три селекции со ист број бодови.

Поради поразот од Чешка во првото коло со 75-80, на македонската репрезентација утре ѝ е потребна победа од најмалку четири поени разлика со што би завршила на второто место на табелата. Победа, пак, од девет или повеќе поени разлика ќе ѝ ја гарантира на Македонија првата позиција, секако со триумф против аутсајдерот Ирска кој не доаѓа во прашање.
Бугарија во моментов е првопласирана во групата со максимален ефект со три одиграни натпревари. Чешка е втора со 2/1, а Македонија досега одигра само два меча и има биланс од една победа и еден пораз.