Бугарски суди(јк)и го уништија Водно Санс, организаторот ќе го поништи мечот

0Shares
0 0

Партизан Водно Санс претрпе пораз во последниот натпревар од турнирот во Европската младинска кошаркарска лига (EYBL) што се одржува во Софија, но овој меч нема да се земе предвид во конечниот пласман.

ЦСКА Софија славеше со 94-88 по продолжение, но организаторот на натпреварувањето најави дека ќе го поништи натпреварот поради констатирано пристрасно судење и огромен број грешки на бугарските арбитри Татјана Валчева и Делјана Кадиева.

Партизан Водно Санс беше апсолутно подобар противник, водеше повеќе од 39 минути, а на почетокот од втората четвртина ја достигна највисоката предност, од 21 поен разлика (36-15). Судиите уште тогаш се обидоа да влијаат на резултатот, но македонскиот тим остана мирен и ја сочува двоцифрената разлика до средината на третиот квартал. Тогаш ЦСКА намали на само два разлика по што следуваше серија од 9-0 и водство од 66-56.

На седум минути пред крајот 72-57, а на две и 81-73 за Водно Санс по што почна шоуто на Валчева и Кадиева. Од игра ги исклучија речиси сите носители на играта на скопскиот тим поради пет лични грешки, му досудија и техничка на Јаничиќ поради што и тој мораше да го напушти теренот и ЦСКА го искористи тоа за да дојде на само -3 на 72 секунди пред крајот. Во следниот напад му ја одзедоа топката на Марјановиќ поради лошо водење, а на спротивната страна Бугарите со тројка го израмнија резултатот и се изборија за продолжение. Без четворица кошаркари, од кои тројца стартери, Водно Санс немаше шанса во дополнителните пет минути.

На Водно Санс на овој натпревар му беа досудени дури 29 лични грешки, а на противникот само 18. Бадијала беа 29 поени на Марјановиќ и 22 на Јаничиќ кој подоцна беше избран во идеалната петорка на турнирот.

0Shares
0 0