Екипата на Бурсаспор, во чиј стручен штаб е Македонецот, Мирко Петрески, ја оствари третата победа во низа пред своите навивачи, совладувајќи го Петким со 81-75.
На Бурсаспор долго време ѝ беше потребно за да ја преземе контролата врз играта и резултатот, но откако го презеде водството, не го испушти до крајот. Во третата четвртина водеше и со 14 поени разлика (62-48), пред крајот Петким намали на -23, но домаќините, сепак, успеаја да дојдат до победата.
Ова е петта победа во шестиот натпревар на домашен терен на Бурсаспор оваа сезона, а единствен кој успеа да ја совлада на нејзин терен е Бешикташ. Тимот на Петрески сега е на осмата позиција на табелата, која води во плеј-офот, но 11. коло уште не е комплетно, а и до крајот има да се игра уште многу.