Американскиот интернационалец Дејвел Роби и претстојната сезона ќе го носи дресот на Чаир и ќе биде еден од главните адути на овој прволигаш.
Раководството и стручниот штаб на чаирчани се задоволни од неговиот ефект претходната натпреварувачка кампања и го продолжија договорот на уште една година. Роби дојде во Чаир во вториот дел од првенството, одигра девет натпревари и тие беа доволни да го демонстрира својот квалитет.
На 9 натпревари, просечно постигнуваше по 18,7 поени, 4,8 скока и 4,7 асистенции со индекс 21,9, втор највисок во екипата, земајќи ја предвид цела сезона. Роби е петти кошаркар кој ја продолжи соработката со Чаир по Фатјон Реџа, Јован Александровски, Предраг Пајиќ и Недим Мустафица.