Чаир и МЗТ Скопје се сменија

0Shares
0 0

Дуелот од седмото коло на Првата македонска кошаркарска лига во машка конкуренција, меѓу Чаир и МЗТ Скопје ќе се игра на теренот на шампионот, место на дебитантот во елитната конкуренција.

До промената на домаќинството дојде со договор на двата клуба поради зафатеност на салата во СРЦ Кале во текот на идната работна недела, со оглед на тоа што скопските ривали требаше да се сретнат претстојниот вторник (29 ноември), а како последица на настапот на МЗТ Скопје во АБА лигата. Исто така, салата во Чаир уште не е целосно реновирана, па дебито на овој клуб во неа е дополнително одложено. Шампионот ќе гостува во северната скопска населба во вториот дел од сезоната.

Чаирчани затоа ќе „врзат“ три гостувања, кое од кое потешко и против трите најдобри екипи во лигата во моментов. Веќе играа со Пелистер во Битола, во следното коло одат кај актуелниот шампион, а потоа ги очекува и меч со лидерот на табелата Гостивар. Последен пат како домаќини играа против Феникс, пред репрезентативната пауза, а желбата е во деветтото коло во Чаир да го пречекаат Работнички.

Седмото коло од Првата македонска кошаркарска лига ќе се оддолжи поради настапите на три екипи во натпреварувањата на АБА. Ќе почне в недела, на 27 ноември, а ќе трае до среда, последниот ден од овој месец кога на програмата е дербито меѓу Еуро Никел и Пелистер.

0Shares
0 0