Екипата на Чаир како гостин ја совлада Навико Академија ФМП со 95-82 и на триумфален начин ја финишира својата прва сезона во најквалитетното кошаркарско друштво во земјава.
Опстанокот во оваа конкуренција одамна беше изборен, па последните четири натпревари беа од ревијален карактер. Денешниот меч беше одлучен во третата четвртина која Чаир ја доби со 28-17 за во последните десет минути само да стави точка на прашањето околу победникот со тоа што во еден период имаше и +16 (88-72).
Реџа и Тачи постигнаа по 18 поени со тоа што првиот оствари и 12 скока и го заврши мечот со дабл дабл. Кај Навико Академија ФМП, Настовски постигна 19 поени и 8 скока. До крајот на плејаутот останува уште утрешниот меч меѓу Струмица и Куманово, двете екипи кои идната сезона ќе се натпреваруваат во Втората лига.