Четири репрезентации обезбедија пласман на Светското првенство, една од Европа

0Shares
0 0

По завршувањето на августовскиот „прозорец“ од квалификациите за Светското првенство во 2023 година, познати се четири селекции кои обезбедија место на него, покрај домаќините Филипини и Јапонија.

Најголемо изненадување е Финска која прва од Европа се пласира на Мундобаскетот и вторпат во својата историја ќе учествува на големата планетарна кошаркарска смотра. Интересно е тоа што Финска е второпласирана во својата квалификациска група, зад Германија, но Германците се уште формално не се пласирани на Светското првенство затоа што им претстојат дуели против репрезентации кои, теоретски, можат да ги претстигнат, односно да имаат подобар биланс во меѓусебните пресметки.

Покрај Финска, на Светското првенство ќе учествува Брегот на Слоновата Коска кој е непоразен во досегашните седум кола, потоа Либан и Нов Зеланд.

0Shares
0 0