Четворица Срби освоиле титули во НБА – сите „звездаши“

0Shares
0 0

Немања Бјелица ноќеска стана четвртиот српски кошаркар во историјата кој се закитил со титула од НБА лигата.

Немања Бјелица

Тој дојде во Голден Стејт минатото лето од Мајами Хит и иако немаше голема минутажа, максимално професионално ја заврши својата работа. Пред него, од српските кошаркари, титули освоија уште Дарко Миличиќ, Предраг Стојаковиќ и Огњен Кузмиќ.

Огњен Кузмиќ

Заедничко за сите нив е тоа што на еден или друг начин се поврзани со актуелниот српски и АБА првак, Црвена Звезда. Бјелица играше за овој клуб на почетокот од својата професионална кариера, од 2008 до 2010 година, Стојаковиќ, исто така, почна таму, во 1992 година, а Кузмиќ и сега е член на Звезда каде дојде во 2019 година од Реал Мадрид.

Предраг Стојаковиќ (во средина)

Единствениот од овој квартет што не играл за Звезда е Миличиќ, но тој во повеќе наврати, јасно ја покажал својата приврзаност и љубов кон белградскиот клуб.

Дарко Миличиќ

Бјелица и Кузмиќ освоија титула во НБА со Голден Стејт Вориорс, Стојаковиќ со Далас Маверикс, а Миличиќ со Детроит Пистонс.

0Shares
0 0