Четврта победа по ред и второ место на Саратов на Рајковиќ

0Shares
0 0

По шест одиграни натпревари, екипата на Саратов се најде на втората позиција на табелата во ВТБ лигата по четвртиот триумф во низа.

Најнова жртва на тимот на Еил Рајковиќ е Енисеј кого Саратов го победи како гостин со 101-95, по продолжение. Гостите беа во негатива речиси цело второ полувреме, израмнија на минута пред крајот на основниот дел, но во последната секунда Скраб пропушти можност да донесе победа и мечот отиде во продолжение.

И во него Енисеј подобро почна, неколку минути беше во предност се до серијата од 5-1 по која Саратов го презеде водството и не го испушти до крајот.

Во моментов, подобар од Саратов е само Уникс, но со седум одиграни натпревари, а Зенит може да се израмни бидејќи има еден меч помалку. Интересно е тоа што полош биланс од екипата на Рајковиќ има ЦСКА (4/2) која се наоѓа на делба на четвртата позиција со Локомотив Кубан и Нижњи Новгород. Во последните 10 меча во сите натпреварувања, Саратов има девет победи.

0Shares
0 0