Контроверзниот поранешен плејмејкер на Детроит Пистонс, Ајзеа Томас на чуден начин го дефинираше српскиот интернационалец во тимот на Денвер, Никола Јокиќ.
Коментирајќи го натпреварот меѓу Торонто и Кливленд во рамките на Летната лига во Лас Вегас, тој се осврна на инцидент меѓу Јокиќ и сопственикот на Феникс Санс, Мет Ишбија, на еден од натпреварите во полуфиналето од Западната конференција. Томас бил присутен на тој натпревар и Јокиќ му се видел многу голем.
„Кога беше во близина на Ишбија, единствената работа што можев да ја кажам беше: Човеку, Џокер навистина е огромен. Не само што е голем, туку и масивен, тежината која ја носи… Но, Џокер е како топла голема плоча китовско месо, знаеш на што мислам. Повторувам, тој нема дефиниција, како нилски коњ е“, рече Томас во преносот.
Се чини дека тој немаше лоша намера, само избра погрешни зборови и тоа пред широкиот аудиториум. Дури и коментаторот на преносот се насмеа на неговата дефиниција за Јокиќ.