Чудна ситуација во НБА: Не се знае кога ќе се игра „мајсторката“ меѓу Феникс и Далас

0Shares
0 0

Иако се знае дека седмиот меч од серијата во полуфиналето на Западната конференција е на програмата в недела, НБА уште не го одредила терминот на одигрување.

Причината за тоа лежи во можноста да дојде до „мајсторка“ во уште една серија. Од НБА ја очекуваат разврската во полуфиналето на Истокот, меѓу Милвоки и Бостон кои вечерва го играат својот шести дуел. Ако победат Бакс, тие ќе се сретнат со Мајами во финалната серија на Источната конференција.

Во таков случај, Феникс и Далас ќе играат в недела (15 мај) од 21:30 часот по средноевропско време, на задоволство на сите љубители на кошарката на Стариот континент. Ако Бостон направи изненадување и израмни на 3-3, таа серија ќе има предност и ќе се игра во терминот од 21:30 поради временската разлика, а Феникс и Далас ќе играат по полноќ.

0Shares
0 0