Речиси секоја година последната деценија, хрватскиот гигант Цибона има финансиски проблеми кои се закануваат го згаснат клубот.
И оваа година не е исклучок, од вчера загрепскиот клуб и поранешен европски шампион е во стечај и има 45 дена да ги увери надлежните институции дека може да ги исполни своите обврски. Хрватските медиуми тврдат дека ова било очекувано сценарио за раководството на Цибона кое, наводно, е подготвено да ги преземе следните чекори.
Тие се однесуваат на стечајниот процес, додека Цибона од Здружение на граѓани не премине во акционерско друштво. Сепак, ваквата ситуација воопшто не е лесна бидејќи за една недела почнуваат АБА лигата и хрватското првенство во кои загрепскиот клуб треба да учествува.
Со оглед на тоа што не може да регистрира нови кошаркари додека не ги реши проблемите, Цибона ќе почне со само петмина сениори, а остатотокот ќе го сочинуваат играчи од школата. Сигурни се само Крешимир Радовичиќ, Иван Мајцуниќ, Александар Аранитовиќ, Иван Перасовиќ и Домагој Вуковиќ, а неизвесни за АБА лигата се уште Јаков Мустапиќ и Матеј Бошњак. Со екипата тренираат уште неколку играчи, но тие не можат да бидат регистрирани. Првиот официјалн натпревар, Цибона треба да го одигра на 1 октомври, против Борац во Чачак.