„Да се случеше ова во Подгорица, утре ќе имаше истапување од лига“

0Shares
0 0

Обидот за судиска кражба што се случи вечерва во Љубљана не ги вознемири само навивачите на Олимпија, туку и сите љубители на кошарката во регионот.

Социјалните мрежи се преполни со коментари за одлуката на арбитрите кои признаа кош за шут по истекот на времето, а доделија и слободно фрлање од кое Митровиќ го израмни резултатот на дуелот меѓу Олимпија и Црвена Звезда. Еден од најинтересните коментари стигна од Црна Гора, а е одлична илустрација на она што се случува последните години во АБА лигата.

„Да се случеше ова во Подгорица, утре ќе имаше истапување од лигата“, напиша еден, веројатно, навивач на Будуќност.

Фановите на Црвена Звезда не прифаќаат дека судиите направиле грешка во корист на нивниот тим, а како противтежа го посочуваат фактот што Олимпија изведе дури 27 слободни фрлања повеќе од гостинскиот тим. Сепак, мора да се има предвид дека словенечката екипа имаше само четири фаули помалку, а успеаја личните грешки добро да ги менаџираат, особено оние во бонус, и да не ги прават кога противничките кошаркари се во позиција за шут.

0Shares
0 0