Екипата на Париз остана единствена непоразена екипа во групата А од Еврокупот и по шестото одиграно коло.
Францускиот претставник во европското натпреварување, го тргна Хапоел Тел Авив од свое друштво, нанесувајќи му го првиот пораз и тоа убедлив. На домашен терен, Париз славеше со 114-87 со што ја потврди својата доминација во оваа конкуренција и амбицијата да избори пласман во Евролигата.
Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс повторно беше еден од најдобрите во својот тим и единствен со дабл-дабл на натпреварот. За само 24 минути во игра, тој постигна 15 поени и 10 асистенции, а оствари уште три скока.