Далас тргнува по еден од најдобрите центри во НБА

0Shares
0 0

Има уште еден месец до крајот на преодниот рок во НБА лигата, но екипите се обидуваат уште сега да се засилат за да бидат подготвени за најважниот дел од сезоната.

Таков е случајот со Далас Маверикс кој, како што информираат американските медиуми, сериозно е заинтересиран за еден од најдобрите центри во лигата Мајлс Тарнер. Играчот на Индијана е фантастичен сезонава, но проблем за Далас е тоа што интерес за него постои и од Њујорк Никс.

Тарнер е најдобар блокер во лигата со просек од 2,9 блокади по натпревар, а покрај тоа, постигнува и по 13,1 поен и 7,3 скока.

0Shares
0 0