Дамјан Стојановски денеска ја освои осмата шампионска титула во својата кариера и се израмни на шестото место на листата на најтрофејни кошаркари во историјата на македонското првенство на кое досега беше осамен Тони Симиќ.
Сепак, дури и со осум пехари, тој не е најтрофеен во своето семејство бидејќи неговиот повозрасен брат Огнен има десет и тој, заедно со Марјан Ѓуров е најуспешен во постоењето на Првата македонска кошаркарска лига со десет титули. Војдан Стојановски го освои третиот пехар, но факт е дека тој најмалку играше во домашното првенство. Легендарното семејство Стојановски сега има вкупно 21 шампионски трофеј од македонското првенство.
Она што е најинтересно, Дамјан Стојановскисе израмни со Симиќ во уште еден сегмент – најмногу шампионски титули, освоени со една екипа. Пред нив е само Горан Веселиновски кој со Работнички освои девет, сите во периодот од 1998 до 2009 година.