Данска ќе не пречека на 70 километри од Копенхаген

0Shares
0 0

Првиот натпревар од претквалификациите за Европското првенство во 2025 година, македонската репрезентација ќе го одигра на 25 август.

Противник ќе биде Данска, а Кошаркарската федерација на оваа земја одлучи мечот да го закаже во градот Нествед кој се наоѓа на 70 километри од Копенхаген. Арена Нествед е со капацитет од околу 3.000 места, а во неа, данската репрезентација ги играше и дуелите против Норвешка и Косово во првата претквалификациска фаза за Европското првенство.

Веќе во продажба се пуштени и билетите за овој натпревар чии цени се движат од 780 до 1400 денари (95 до 170 дански круни).

Што се однесува до натпреварот против Словачка на домашен терен, тој ќе се игра на 28 август во СРЦ Кале со што по долго време, македонската репрезентација ќе се врати во оваа сала.

0Shares
0 0