Давитков и Таргу Жиу им се вратија на победите

0Shares
0 0

По три порази во низа, Таргу Жиу триумфираше во романското првенство, совладувајќи го Атлетик Констанца со 81-70.

Победата добива на значење бидејќи ривалот е во горниот дел од табелата и до овој меч имаше половичен биланс. Клучен беше финишот од мечот, односно серијата од 11-0 во последните 2,5 минути, по резултатот 70-70 со кои Таргу Жиу го скрши отпорот на ривалот и дојде до победата.

Таргу Жиу сега е на осмата позиција на табелата во првенството со биланс 5/9, но радува фактот што петте победи ги оствари во последните осум кола.

0Shares
0 0