Давитков има нов ангажман – во Романија

0Shares
0 0

Поранешниот селектор на македонската репрезентација Јорданчо Давитков од денеска е тренер на романскиот прволигаш Таргу Џиу.

Тој ќе го води тимот до крајот на оваа сезона, а досегашниот предводник Клаудиу Алионеску ќе биде негов помошник. Главна цел на Давитков ќе биде да го спаси тимот од испаѓање, имајќи предвид дека со биланс 4/13 се наоѓа на 11. позиција на табелата во лигата која брои 14 екипи.

Ова е втор ангажман на Јорданчов Давитков во првите три месеци од новата година. На средината од јануари го презеде косовскиот прволигаш Пеја, но си замина оттамуу на почетокот на март.

0Shares
0 0