Деби со победа на Рајковиќ, против Димитријевиќ

0Shares
0 0

Екипата на ЦСКА го победи Уникс со 76-71 во првото коло од ВТБ Суперкупот кој започна денеска.

Тоа беше деби ма Емил Рајковиќ на официјален натпревар како тренер на ЦСКА, а на спротивната страна беше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој, исто така, дебитираше за Уникс.

ЦСКА речиси постојано беше во водство, на крајот од првото полувреме првпат посериозно се одлепи и поведе со 37-28, но Уникс го врати ударот и по три минути игра во третиот квартал израмни на 39-39. Сепак, тоа беше се од тимот од Казан, ЦСКА по три четвртини водеше со 74-60 и иако Уникс подоцна намали на -6, немаше сила за пресврт и победа.

Астапкович беше најефикасен играч на ЦСКА со 18 поени на кои додаде 9 скока. Џејлен Рејнолдс го предводеше Уникс со 20 поени, а Димитријевиќ за безмалку 14 минути постигна пет.

Во групата со ЦСКА и Уникс е уште српскиот тим Мега кој, заедно со Партизан, е гостин на ВТБ Суперкупот. Двете екипи ќе се сретнат со оваа екипа во следните два дена по што ќе се знае кој ќе игра во финалето.

0Shares
0 0