„Дефанзивна клиника“ и трето место за Кемниц во Бундеслигата

0Shares
0 0

Екипата на Кемниц, во чиј стручен штаб е Македонецот, Ѓорѓи Кочов продолжи со одличните резултати оваа сезона.

Откако минатата недела го елиминира Баерн и обезбеди пласман на завршниот турнир од Купот на Германија, Кемниц денеска ја оствари петтата победа во Бундеслигата, со триумфот над Хајделберг со 67-64. Одлучи одличната одбрана, особено во второто полувреме во која гостинот беше оставен на само 26 поени за 20 минути. Со тоа беше анулирана негативата од четири разлика кога Хајделберг ја имаше по првиот дел.

Со биланс 5/3, Кемниц сега е на делба на третата позиција на табелата во германското првенство со уште четири екипи, а може да им се приклучи и Готинген кој има натпревар помалку.

По репрезентативната пауза, следува тежок тест за Кемниц, против актуелниот шампион на Германија, Алба во Берлин.

0Shares
0 0