По пауза од една година, трофејниот црногорски стручњак Дејан Радоњиќ повторно ќе се врати во регионалната кошарка и претстојната сезона ќе води тим од АБА лигата.
Црногорската национална телевизија преку својот интернет портал најави дека тој се враќа на клупата на Будуќност каде во 2005 година и ја почна тренерската кариера. Тоа за него ќе биде обид да ја оживее кариерата по дебаклот во Панатинаикос, а за клубот надеж дека ќе се врати во врвот на АБА лигата по катастрофалната сезона во која на срамен начин доживеа елиминација од Црвена Звезда во полуфиналето.
Информацијата за враќањето на Радоњиќ во Будуќност уште не е потврдена од ниедна страна на националната телевизија РТЦГ и лани прва објави дека искусниот стручњак ќе потпише за Панатинаикос, додека се уште траеја преговорите со Црвена Звезда за продолжување на соработката.