Во А-дивизијата нема слободен ден кога е во прашање групната фаза, па Европското кадетско првенство во Скопје продолжува денеска со дуелите од второто коло.
Македонската репрезентација игра во својот стандарден термин, од 18:30 часот, а противник е Франција, еден од кандидатите за највисок пласман на овој шампионат. Јасно е дека „триколорите“ се фаворити, но по вчерашниот триумф против Белгија, Македонија нема што да загуби во овој дуел.
Дербито на денот е во групата Ц каде се среќаваат Шпанија и Германија, селекциите кои вчера остварија убедливи победи против Израел и Финска.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ГРУПА А
13:30 Турција – Словенија „Борис Трајковски“
21:00 Црна Гора – Италија „Борис Трајковски“
ГРУПА Б
16:00 Белгија – Литванија „Борис Трајковски“
18:30 МАКЕДОНИЈА – Франција СРЦ „Кале“
ГРУПА Ц
13:30 Финска – Израел СРЦ „Кале“
21:00 Шпанија – Германија СРЦ „Кале“
ГРУПА Д
16:00 Грција – Летонија СРЦ „Кале“
18:30 Полска – Србија „Борис Трајковски“