Разврската и конечниот изглед на табелата по групната фаза ќе се знае денеска, по одигрувањето на третото коло од Европското првенство за кадети.
Пред неговиот почеток, јасно е само дека Шпанија ќе го освои првото место во групата Ц бидејќи веќе оствари победи против Израел и Германија кои се зад неа и денеска се среќаваат во директен дуел. Италија и Словенија ќе одлучуваат за челната позиција во групата А, а тој меч има големо значење и за македонската репрезентација која го очекува противникот во осминафиналето.
Нашата кадетска селекција многу веројатно ќе го освои третото место што значи дека во следната фаза би се сретнала со поразениот од дуелот меѓу Италија и Словенија.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ГРУПА А
16:00 Словенија – Италија СРЦ „Кале“
21:00 Турција – Црна Гора „Борис Трајковски“
ГРУПА Б
13:30 Франција – Белгија 13:30 „Борис Трајковски“
18:30 Македонија – Литванија СРЦ „Кале“
ГРУПА Ц
16:00 Германија – Израел „Борис Трајковски“
18:30 Шпанија – Финска „Борис Трајковски“
ГРУПА Д
13:30 Летонија – Србија СРЦ „Кале“
21:00 Грција – Полска СРЦ „Кале“