Со натпреварите од групите А, Д, Е и Х, денеска стартува второто коло на Светското првенство кој нуди неколку интересни пресметки.
Дербито е од 10:30 часот во Окинава каде се среќаваат Австралија и Германија, две репрезентации кои атакуваат на висок пласман на овој Мундијал. И едните и другите остварија лесни и убедливи победи, а репрезентацијата која ќе триумфира денеска, многу веројатно ќе го освои првото место во групата и ќе пренесе еден бод во следната фаза во која за противници ќе ги имаат Грузија, Словенија, Венецуела или Зеленортски Острови.
Под императив да победи е француската репрезентација која доживеа дебакл во првото коло во кое загуби од Канада со 30 разлика. Денеска се среќава со Летонија и евентуален пораз ќе значи елиминација за еден од фаворитите за титулата на овој Мундијал уште во првата групна фаза.
Од другите натпревари, интересен дуел се очекува меѓу Италија и Доминиканска Република кој исто така ќе одлучува за првото место во групата, а Црна Гора може да го завери својот пласман во следната фаза со евентуална победа против Египет.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ГРУПА А
Италија – Доминиканска Република 10:00
Филипини – Ангола 14:00
ГРУПА Д
Црна Гора – Египет 10:45
Литванија – Мексико 14:30
ГРУПА Е
Австралија – Германија 10:30
Јапонија – Финска 14:10
ГРУПА Х
Либан – Канада 11:45
Франција – Летонија 15:30