Сите осум дуели од денешната програма на Светското првенство директно решаваат за конечниот пласман во групите со тоа што шест од нив одлучуваат за патниците и двојките во четвртфиналето.
Пред почетокот на натпреварите, сигурни четвртфиналисти се Словенија, Германија, САД и Литванија, но нивните меѓусебни пресметки ќе кажат кој ќе го освои првото место во групите. Во другите две групи, сите опции се во игра и победниците од денешните дуели ќе ги дадат преостанатите четири четвртфиналисти.
Бранителот на титулата Шпанија против Канада ќе одлучува дали ќе го продолжи својот пат на овој Мундијал или ќе се врати дома, исто како и Бразил против најголемото изненадување на првенството Летонија. Во групата И, Италија против Порторико, односно Србија против Доминиканска Република ќе ги дадат учесниците во нокаут фазата.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ГРУПА И
Итталија – Порторико 10:00
Доминиканска Република – Србија 14:00
ГРУПА Ј
Грција – Црна Гора 10:40
САД – Литванија 14:10
ГРУПА К
Австралија – Грузија 09:30
Германија – Словенија 13:10
ГРУПА Л
Бразил – Летонија 11:45
Шпанија – Канада 15:30