Мегаѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ синоќа, меѓу другото, стана само втор кошаркар во историјата на НБА кој на своето деби во НБА финалето оствари трипл дабл.
Србинот постигна 27 поени, 14 аситенции и 10 скока и го водеше тимот од Колорадо до почетна победа против Мајами. Со тоа му се придружи на Џејсон Кид кој во 2002 година дебитираше во финалните серии, тогаш како играч на Њу Џерси (сега Бруклин) Нетс. Во првиот меч од финалето против Лос Анџелес Лејкерс, плејмејкерот постигна 23 поени, 10 скока и 10 асистенции.
Сепак, Кид тогаш не успеа да му донесе победа на својот тим кој во финалето загуби од Лејкерс со 0-4. Јокиќ сега триумфираше, а неговиот Денвер е голем фаворит за титулата во НБА лигата.