Димитријевиќ против Басконија во првата рунда од плејофот

0Shares
0 0

Денеска официјално заврши основниот дел од сезона во АЦБ лигата и познати се двојките за првата рунда од разигрувањето за титулата.

Валенсија со Ненад Димитријевиќ славеше на гостувањето кај Обрадоиро со 89-85, а нашиот репрезентативец за помалку од 15 минути постигна 8 поени, 4 асистенции и 1 скок. Шампионот на Шпанија од 2017 година го освои третото место на крајот од основниот дел и го дозна својот пат во плејофот.

Во првата рунда ќе игра со уште еден шпански гигант – Басконија, а ако го помине, најверојатно ќе се сретне со Реал кој е фаворит против Манреса. Валенсија ќе ја има предноста на домашниот терен во четвртфиналето од плејофот.

Лидерот Барселона на почетокот ќе се сретне со Гран Канарија, а потоа со Хувентут или Тенерифе.

0Shares
0 0