Шампионот на ВТБ лигата, Уникс дојде до нова победа во ова натпреварување откако на домашен терен го совлада Енисеј со 91-80.
Повторно еден од најзаслужните за триумфот беше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој имаше и најголема минутажа во својот тим, со 35 минути поминати на терен. За тоа време постигна 19 поени, 8 скока и 7 асистенции и уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма.
На првите две места на табелата во ВТБ лигата се екипите со Македонци во своите редови. Лидер е ЦСКА која под раководство на Емил Рајковиќ денеска ја совлада Руна со 80-74 и има биланс 10/1, а втор е Уникс со Димитријевиќ со 8/2.