Династијата на Чикаго Булс најдобра во историјата на НБА

0Shares
0 0

Екипата на Чикаго Булс од 1995 до 1998 година е прогласена за најдобра династија во историјата, во изборот по повод 75-годишнината од постоењето на НБА.

Тимот предводен од Мајкл Џордан, а во кој беа уште Тони Кукоч, Скоти Пипен, Денис Родман, Рон Харпер итн., предводен од Фил Џексон, освои три титули по ред што беше втор хет-трик таа деценија за него. Во првата сезона (1995/96), Булс поставија и рекорд во основниот дел со ефект од 72 победи и 10 порази кој беше соборен во 2016 година од Голден Стејт Вориорс.

Во конкуренција за оваа награда беа уште Бостон Селтикс од 1958 до 1969 и од 1980 до 1987 година, Лос Анџелес Лејкерс од 1979 до 1989 и Голден Стејт Вориорс од 2015 до 2018 година. Во изборот учествуваа панел составен од европски новинари, влијателни и познати личности и навивачи преку специјална интернет страница на НБА.

0Shares
0 0