Додека Феникс и Милвоки се бореа за титулата, Леброн „маваше“ текила

0Shares
0 0

Навивачите на Феникс Санс беа изненадени кога на петтиот меч од финалната серија против Милвоки, во арената се појави суперѕвездата на Лејкерс, Леброн Џејмс.

Во текот на натпреварот призна дека е таму да му даде поддршка на Крис Пол, но домаќините го загубија дуелот и сега се пред пораз во финалето. Сепак, два дена се зборува за Леброн и тоа не од спортски, туку од други причини.

Седејќи покрај теренот, тој воопшто не го криеше своето шише текила чие заштитно лице е, но кое не смееше да го внесе во арената. Според неговата реакција, тој буквално го прошверцувал алкохолниот пијалок, но по количината која остана во шишето пред крајот на натпреварот, очигледно добро се забавувал.

0Shares
0 0