Доигран натпреварот во Гостивар, Пелистер стигна до важна победа

0Shares
0 0

Екипата на Пелистер ги задржа шансите за првото место на табелата пред плејофот откако вечерва триумфираше на гостувањето кај Гостивар со 89-84.

Натпреварот го одбележа инцидентот на седум минтуи пред крајот по што дојде до прекин од речиси еден час. Откако беше испразнета салата „Младост“, мечот продолжи, но двете екипи имаа по само пет кошаркари, без резерви и без стручните штабови.

Во такви услови подобро се снајде Пелистер кој ја анулира негативата од три поени од пред прекинот и дојде до триумф со кој ја продолжи потерата по МЗТ Скопје. Најефикасен во победничкиот тим беше Малешевиќ со 20 поени на кои додаде 8 асистенции и 7 скока. Кај Гостивар, Тодоровиќ постигна 18 поени и 10 скока, а дабл-дабл оствари и Виктор Ефремовски со 11 поени и 11 скока.

Ќе биде интересно како Комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ ќе ги санкционира инволвираните во инцидентот во Гостивар бидејќи од тоа може да зависи судбината на двете екипи во натамошниот дел од сезоната.

0Shares
0 0