Дончиќ одмора гледајќи фудбал

0Shares
0 0

Еден од најдобрите европски и светски кошаркари во моментов Лука Дончиќ ја заврши сезоната во НБА и додека одмора, одлучи да присуствува на денешниот фудбалски натпревар меѓу Словенија и Србија во Љубљана.

Друштво му правеа неговиот татко Саша, како и легендите на словенечката кошарка Горан Драгиќ и Радослав Нестеровиќ.

Последните денови Дончиќ е преокупиран со тоа дали ќе може да настапи за својата репрезентација на квалификацискиот натпревар против Хрватска, закажан за 30 јуни. Поради осигурувањето, за треба да се платат 100 илјади евра, па уште е неизвесно дали ќе игра на тој меч.

0Shares
0 0