Драма во семејството на Дончиќ: Лука поднел тужба против мајка му!

0Shares
0 0

Среде настапот на Европското првенство, Лука Дончиќ поднел барање до Канцеларијата за патенти и жигови на САД (USPTO) со кое сака да се поништи регистрацијата на заштитниот знак „Лука Дончиќ 7“ што е во сопственост на неговата мајка Мирјам Потербин.

Според информациите, суперѕвездата на Далас Маверикс сака целосно да ја врати контролата над брендовите кои го носат неговото име.

„Продолжувам да растам како играч и како личност и затоа ми е важно да го контролирам сопствениот бренд“, изјавил Дончиќ за американските медиуми.

Тој сакал својот бренд да го регистрира како „Лука Дончиќ“, но канцеларијата одбила тоа да го направи бидејќи веќе постои бренд „Лука Дончиќ 7“, а неговата мајка, наводно, не сакала да го откаже.

Во тужбата од кошаркарот стои дека тој не е поврзан со тој бренд и дека не одобрува производство на стоки и услуги под тоа име.

0Shares
0 0