Доцна се разбуди Партизан…

0Shares
0 0

Откако ги загуби сите шанси за пласман во плеј-офот од АБА лигата, најтрофејниот тим во ова натпреварување „врза“ четири победи во низа, првпат оваа сезона.

Денеска, убедливо и лесно го совлада ФМП, со 97-74, но тој триумф има значење само во обидот, сезоната да не ја заврши со негативен ефект. Во моментов има 11/13 и се надева дека ќе оствари победи и во последните две кола.

Се истакна Урош Трифуновиќ кој имаше одлично шутерско попладне, постигнувајќи 22 поена. Кај ФМП, Марко Пецарски реализира 16.

фото: КК Партизан

0Shares
0 0