По една сезона во Пелистер, босанскиот интернационалец Сеад Хаџифејзовиќ ја напушти Битола и својата кариера ќе ја продолжи на африканскиот континент.
Од денеска, тој е член на шампионот на Брегот На Слоновата Коска, Абиџан, од главниот град на оваа држава. Меѓу другото, овој клуб игра во Африканската кошаркарска лига (БАЛ) која е поддржана од НБА и ФИБА.
Минатата сезона, Хаџифејзовиќ беше еден од најдобрите во тимот на Пелистер и меѓу најзаслужните што битолскиот тим вторпат во низа стигна до финалето од македонскиот плејоф.